Попладне во Битола, по пауза од 31 година, повторно ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар на кој ќе настапат младинските репрезентации на Македонија и Италија.
Мечот на целосно реновираниот стадион „Петар Милошески“ во Битола почнува во 18:15 часот, а на публиката ѝ се препорачува да дојде порано пред влезовите поради деталните безбедносни проверки.
Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) истакнаа дека враќањето на репрезентацијата во Битола е дел од стратегијата за поголема децентрализација на спортските настани и давање можност љубителите на фудбалот од различни региони директно да ги следат националните селекции.
„Битола е град со огромна спортска традиција и време е репрезентацијата повторно да се врати овде. Уверени сме дека атмосферата ќе биде неповторлива и дека публиката ќе покаже колку навистина го сака фудбалот,“ велат од ФФМ.
Последен пат меѓународен фудбалски натпревар беше одигран во 1994 година кога во Битола гостуваше младинската фудбалска репрезентација на Шпанија.