По 30 години Сараево ќе добие споменик на Бошко и Адмира





На иницијатива на градоначалникот Срџан Мандиќ, по претходен договор со семејството Исмиќ, на местото на смртта на Адмира Исмиќ и Бошко Бркиќ ќе биде поставена спомен плоча.

Недрета и Амела Исмиќ, мајката и сестрата на Адмира, го одобрија идејното решение за спомен плочата, чиј автор е познатиот босански скулптор Адис Лукач. Давор Сучиќ, фронтменот на бендот Забрањено пушење, дал согласност текстот на неговата песна посветена на Бошко и Адмира да биде напишан на спомен плочата.

„Со овој чин ќе се исправи една долгогодишна неправда. Љубовната приказна на сараевските Ромео и Јулија го обиколи целиот свет и на овој начин ќе добие траен белег на местото каде што трагично заврши“, рече градоначалникот Мандиќ.

30 години од смртта на Бошко и Адмира: „Живеам за денот кога ќе го видам споменикот“

Официјалното поставување на комеморативната плоча е планирано за месец септември на левиот брег на Миљачка во непосредна близина на мостот Суада Дилберовиќ и Олга Сучиќ.

Во мај се навршија точно 30 години од смртта на Бошко и Адмира. Оваа сараевска брачна двојка од различни националности е убиена од снајперски истрел на мостот Врбања, а сликата на нивните мртви тела, легнати едно до друго фатени за рака, го обиколи светот. Нивните семејства, семејства на Срби и Бошњаци (муслимани), се радуваа на нивната љубов, но поради тогашниот систем и меѓуетничките несогласувања, за нив се пишува и зборува како сараевски Ромео и Јулија. До денес никој не одговара за нивното убиство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни