По 3 децении постоење, престануваат да работат загрепските мажоретки

Најавувајќи го прекинот на работата, мажоретките обелоденија дека со години не добиваат субвенции од градот Загреб и тврдат дека трошат сопствени средства или обезбедуваат пари од спонзори.

Наведуваат дека како последица на недостиг на финансии, морале да ги редуцираат редовните тренинзи за 60%, да го намалат бројот на групи и на мажоретки, како и да им врачат откази на дел од вработените, а на останатите им ги намалиле платите.

Пред пандемијата на Ковид-19 нивниот број изнесувал 620, а сега се само 300. Исто така, посочуваат дека носат униформи стари 14 години.

Во изминатите 30 години мажоретките имале над 5 илјади настапи во САД, Европа и во Азија. Загрепските мажоретки 19 пати биле европски, а 23 пати светски прваци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни