Канадскиот премиер Џастин Трудо и неговата сопруга Софи Грегоар Трудо вчера објавија дека се разведуваат по 18 години брак. Парот, кој важеше за еден од најкомпатибилните на политичката сцена, порача дека ќе остане во добри односи.
Трудо и Грегоар се познаваат уште од детството, бидејќи Софи учела со братот на Џастин, Мајкл.
И, иако сегашната прва дама на Канада рече дека се сеќава дека поминувала време во нивната куќа како дете, таа не поминувала многу време со нејзиниот иден сопруг поради тригодишната разлика во годините.
Двојката повторно се сретнала во 2003 година, кога таа имаше 28, а тој 31 година. Потоа Софи му испратила мејл во кој изјавила дека ѝ е мило што повторно го гледа, што Трудо го изигнорирал. Подоцна истата година, тие повторно се сретнале, а кога тој го побарал нејзиниот број, таа му рекла дека ако ја сочувал нејзината е-пошта, ќе знае како да ја контактира.
Трудо конечно ѝ одогворил на маилот и таа се согласи да оди на состанок со него.
Џастин уште на првиот состанок ѝ рекол дека ќе го поминат остатокот од животот заедно. Во 2021 година, Софи во едно интервју изјави дека нејзиниот сопруг лесно ги покажува емоциите и дека тоа ѝ е привлечно.
Трудо ја запросил на 18 октомври 2004 година, а парот се венчал во Монтреал во мај 2005 година. Нивната венчавка била нетипична, пишуваат локалните медиуми, со тоа што нејзиниот фустан не бил целосно бел и немале свадбена торта. Софи за свадбата сакала нешто поразлично, слатка маса со чај и кафе.
Џастин и Софи имаат три деца: два сина, Ксавиер (15) и Адријан (9) и една ќерка, 14-годишната Ела Грејс.
Двојката денеска објави дека по долги разговори решиле да го прекинат бракот.
„Како и секогаш, остануваме блиско семејство, во кое се гради длабока љубов и почит еден кон друг и за се што заедно сме постигнале и ќе постигнеме заедно. За доброто на нашите деца, ве молиме да ја почитувате нашата и нивната приватност“, напишале во идентични пораки разделените сопружници.
Кабинетот на Трудо објави дека целото семејство ќе оди на одмор од следната недела.
Извор: N1