Плажата Гларокавос во Грција прогласена за најубава во Европа за 2025 година – и едно место од регионот во топ 10

Со доаѓањето на летната сезона, многумина бараат дестинација за одмор која е достапна, а нуди и природни убавини. За голем дел од граѓаните на Балканот, Грција останува омилена летна дестинација – а токму таму се наоѓа и најубавата плажа за 2025 година.

Според гласовите на патници од целиот свет, кои ги собира организацијата European Best Destinations (EBD), титулата најубава европска плажа за 2025 година ја доби Гларокавос, сместена на полуостровот Касандра во регионот Халкидики, северна Грција.

Оваа плажа, лоцирана во истоимената лагуна и често нарекувана „Синото Езеро“, ги освои срцата на посетителите со тиркизната боја на морето, боровите шуми, спокојството што го нуди и богатата културна понуда во околината. Лагуната е популарна кај семејствата, но и кај љубителите на кајак и веслање. Дел од плажата е уреден со лежалки и содржини за туристи, додека другиот дел нуди можност за уживање во недопрена природа.

Меѓу најубавите плажи во Европа оваа година се најде и една дестинација од регионот – плажата Бање во Дубровник, која го освои осмото место на листата.

Ова е листата на 10 најубави европски плажи за 2025 година според EBD:

  1. Гларокавос, Грција
  2. Кала Брандинки, Италија
  3. Кала Прегонда, Шпанија
  4. Кала Луна, Италија
  5. Гале Фонтаињас, Португалија
  6. Ла Пелоса, Италија
  7. Де лос Муертос, Шпанија
  8. Асос, Грција
  9. Бање, Хрватска
  10. Гулпијури, Шпанија

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни