Плажа со најчиста вода на светот: Веројатно не сте ни слушнале за овој грчки остров

Плажата Праса е прогласена за плажа со најчиста вода во светот.

Грчкиот остров Кимолос, кој се наоѓа во Егејското Море, има плажа со најчиста вода на светот, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на студија спроведена од американската туристичка агенција Флорида Панхендл. Анализата која ги зема предвид мислењата на 2,4 милиони туристи го откри победникот – плажата Праса.

Праса, бисерот на кикладскиот архипелаг, е прогласена за плажа со најчиста вода во светот. Притоа, најголем дел од плажите кои добиле највисоки оценки за чистота на водата се наоѓаат во Грција, како што нагласи американската компанија.

Плажата Праса, која се наоѓа на североистокот на островот Кимолос, е вистински скапоцен камен. Островот, со население од помалку од илјада луѓе, на туристите им нуди не само недопрени води, туку и мир и шарм на мала, ненаселена заедница.

Плажата Праса, Грција

Претходните години донесоа значително зголемување на бројот на туристи во Грција. Само во 2023 година земјава ја посетиле над 36 милиони луѓе, што е зголемување за 20,8 отсто во однос на претходната година и сè уште расте. Повеќето туристи го избрале регионот на Атика, но токму на Јужноегејските острови потрошиле најмногу пари и резервирале најмногу сместување.

Овие резултати покажуваат дека Грција, особено нејзините острови, продолжува да привлекува туристи со својата природна убавина и уникатната клима. А плажата Праса во Кимолос, со најчистата вода на светот, секако е еден од главните магнети на туристичката мапа на оваа земја.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни