Платите во Германија вртоглаво пораснаа, но не е „виновна“ добрата економска состојба! Ова е главната причина. 

Германија минатата година забележа најсилен раст на реалните плати од 2008 година, објави Федералниот завод за статистика во Визбаден. 

„Реалните плати се зголемени за 3,1 отсто во однос на 2023 година лани. Номиналните плати се зголемени за 5,4 отсто, а во исто време потрошувачките цени се зголемени за 2,2 отсто“, се вели во соопштението на Заводот за статистика. 

Причината за најсилното зголемување на реалните плати од 2008 година, кога статистички се следи оваа вредност, се еднократните исплати за ублажување на ефектите од инфлацијата во последните години што ги добиваа многу вработени, како и многуте колективни договори поволни за вработените склучени минатата година. 

Реалните плати претходно не се зголемени

Во претходните години, поради пандемијата и разни глобални фактори како што е војната во Украина, реалните плати не растеа, а во 2022 година дури и се намалуваа. И покрај растот на реалните плати минатата година, поради бранот поскапувања во последните години, реалните плати сè уште не го достигнале нивото пред пандемијата во 2019 година. Сепак, како што информираат од Институтот за економија и социологија (ВСИ), зголемувањето на платите минатата година треба да се поврзе со зголемувањето на маржите во некои сектори за време на кризните години. 

Платите особено силно пораснаа во секторите ИТ и комуникациите, како и во здравствениот и социјалниот сектор. 

Поголем пораст кај жените 

Реалните плати за вработените жени се зголемени за 5,3 отсто. Годинава економистите не очекуваат сличен раст како лани.„Предуслов за силно зголемување на реалните плати е значително заживување на економската активност, која сè уште не е на повидок“, соопшти Економскиот институт во Кил. Минатата година просечната месечна нето плата за самец без деца во Германија била 2.394 евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни