Хуманитарна кампања во тек: „Плати семестар“ на Здружението „Млади од семејна разновидност“

Здружението „Млади од семејна разновидност“ кое пет години работи на поддржување на лица и млади од самохрани и еднородителски семејства спроведува кампања насловена „Плати семестар“. Целта на кампањата е овозможување на финансиски средства на младите од овие заедници кои не можат да студираат и се соочуваат со тешкотии за обезбедување услови за студирање.

Со поддршка на тимот на eCrowd.mk, како и на Борче Стаменов, попознат по акцијата „Донирај компјутери“, досега за кампањата „Плати семестар“се донирани повеќе 91.000 денари. Кампањата е активна преку платформата eCrowd.mk, на следниот линк: https://ecrowd.mk/projects/0a6981a1-4c92-497b-bfaf-a9e137b5b1c8

Од здружението „Млади од семејна разновидност“ упатуваат апел за поддршка на кампањата, а за повеќе информации заинтересираните можат да ги посетат нивните социјални мрежи каде континуирано се споделуваат информации. Тие се залагаат за еднакво и достапно образование за младите без инклузија во образовниот систем и нивно праведно вклучување во образованието. Оваа кампања е дел од напорите за обезбедување еднакви услови кои ги покриваат трошоците за школарина и административните трошоци на младите кои доаѓаат од семејства кои не можат да ги покријат.

Тимот на здружението работи целосно волонтерски. Тие се заблагодаруваат на сите кои досега излегле во пресрет на кампањата и се надеваат на уште поголема поддршка, со цел да се овозможи што поголем број студенти да го олеснат нивното студирање и активно да учествуваат во образовните процеси. Покрај оваа кампања, здружението активно работи на промоција на правата и условите во кои живеат младите од самохраните семејства во и надвор од Македонија. Нивното учество на меѓународните конференции за самохрани родителства се дел од активностите за подигнување на свеста за оваа проблематика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни