Во студијата биле анализирани две популарни марки – Coca-Cola Original (1 литар) и Schweppes Indian Tonic (1,5 литри). Наодите покажуваат дека по само едно отворање, во пијалокот биле пронајдени 4 до 4,6 микропластични честички. Но по 20 отворања, бројот скокнал на 46 за Кока-Кола и 62 за Швепс. Овие честички вклучувале полиетилен, PET, PVC, полиамид, полипропилен и полиуретан.
Иако микропластиката е доволно загрижувачка, експертите посочуваат дека уште поголема опасност претставува нанопластиката – честички до 70 пати потенки од влакно од човечка коса, кои потенцијално можат да навлезат во органи и клетки.
„Пакувањето на пијалоците мора да биде инертно и безбедно за здравјето на потрошувачите“, предупредува Магали Лерој од организацијата. Како практичен совет, граѓаните се охрабруваат пијалакот да го прелеат во чаша наместо да пијат директно од шишето повеќепати.
Истражувањето повторно го отвора прашањето за здравствената безбедност на амбалажата од пластика и го поттикнува размислувањето за поодржливи и побезбедни алтернативи.
Извор: Index.hr