Микропластиката, односно малите пластични честички помали од 5 мм се распространети ширум светот во водата, на копното, во воздухот, но едно ново истражување покажа дека ги има дури и во облаците. Тие честички доаѓаат од индустриски отпадни води, од текстилната индустрија, од синтетички автомобилски гуми, производи за лична нега и хигиена и сл., а има се повеќе докази за нивното штетно влијание врз. Така, микропластиката се поврзува со тумори, негативно влијание на срцето и белите дробови, а познато е и дека е опасна за околината.
Дека микропластиката е присутна во облаците покажа неодамна спроведено истражување на јапонски научници. Во рамките на студијата тие се искачија на планините Фиџи и Ојама за да соберат вода од облаците, после што ги анализирале примероците за нивните физички и хемиски својства.
Резултатите покажале дека во литар вода се наоѓаат од 6,7 до 13,9 парчиња пластика, а идентификувале и девет различни видови полимери и еден вид на гума во микропластиката во воздухот, со големина од 7,1 до 94,6 микрометри.
Кога таа микропластика ќе допре до горните слоеви на атмосферата и биде изложена на ултравиолетовото зрачење на сончевата светлина, таа се разградува и придонесува за создавање стакленички гасови. Тие честички потоа, се разбира, се враќаат на Земјата. Научниците таквите дождови ги нарекуваат пластични и тие ги загадуваат и копното и водата, односно морето, но и во се што јадат и пијат луѓето, па јасно е дека на крајот ќе завршат и во нашите тела.
Како што предупредуваат научниците, ако овој проблем не почне да се решава проактивно, климатските промени и еколошките ризици ќе станат реалност и ќе предизвикаат неповратна штета во иднина.
Извор: dailymail.co.uk