Планирате да уживате на луксузна дестинација? Егзотично место во Индонезија прогласено за најубаво во светот – рај на земјата

Националниот парк Комодо беше прогласен за најубаво место во светот во 2025 година.

Според едно светско списание, титулата најубаво место во светот за 2025 година ја понесе Националниот парк Комодо во Индонезија, познат по своите прекрасни пејзажи и уникатните змејови од Комодо.

На островот Падар, посетителите можат да уживаат во глетката на три заливи со бел, црн и розов песок, сè на едно место. Опкружена со карпести ридови и недопрена природа, оваа сцена потсетува на многу сцени од филмови за диносауруси.

Паркот, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО, нуди и прекрасни розови плажи, кристално чисто море, богат подводен свет и можност за нуркање меѓу шарени корали. Експертите препорачуваат и тура со брод за да се доживее сè што нуди ова прекрасно место.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни