Планираниот напад на концертот на Лејди Гага спречен од бразилската полиција

Бразилската полиција спречи бомбашки напад на концертот на Лејди Гага што се одржа на 3 мај 2025 година на плажата Копакабана во Рио де Жанеирo. Благодарение на брзата и координирана акција на безбедносните сили, концертот се одвиваше без инциденти, а поп-суперзвездата одржа спектакуларен настап пред околу 2,1 милион посетители, што го прави еден од најмасовните музички настани во историјата на Бразил.

Според истрагата, нападот го планирала екстремистичка група која преку интернет радикализирала тинејџери, користејќи кодирани пораки и симболи. Неколку членови на групата лажно се претставувале како дел од фан-базата “Little Monsters” за да привлечат млади луѓе. Тие имале намера да изведат координирани напади со импровизирани експлозивни направи и молотови коктели.

Во рамките на операцијата “Fake Monster”, што ја спроведе Министерството за правда заедно со федералната полиција, беше уапсен и наводниот водач на групата во сојузната држава Рио Гранде ду Сул за незаконско поседување огнено оружје, а во Рио де Жанеира приведени се и двајца малолетници поради поседување детска порнографија. Притоа, полицијата изврши повеќе од десет претреси и заплени во сојузните држави Рио де Жанеира, Мато Гросо, Рио Гранде ду Сул и Сао Паоло.

Операцијата целосно го онеможи планот за „„колективен предизвик” на социјалните мрежи и го осуди ширењето екстремистичка пропаганда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни