Според истрагата, нападот го планирала екстремистичка група која преку интернет радикализирала тинејџери, користејќи кодирани пораки и симболи. Неколку членови на групата лажно се претставувале како дел од фан-базата “Little Monsters” за да привлечат млади луѓе. Тие имале намера да изведат координирани напади со импровизирани експлозивни направи и молотови коктели.
Во рамките на операцијата “Fake Monster”, што ја спроведе Министерството за правда заедно со федералната полиција, беше уапсен и наводниот водач на групата во сојузната држава Рио Гранде ду Сул за незаконско поседување огнено оружје, а во Рио де Жанеира приведени се и двајца малолетници поради поседување детска порнографија. Притоа, полицијата изврши повеќе од десет претреси и заплени во сојузните држави Рио де Жанеира, Мато Гросо, Рио Гранде ду Сул и Сао Паоло.
Операцијата целосно го онеможи планот за „„колективен предизвик” на социјалните мрежи и го осуди ширењето екстремистичка пропаганда.