Планина од отпад што труе милиони: Ѓубрето во Газијипур во Индија расте по 10 метри годишно

На периферијата на источен Делхи, расте една од најголемите депонии во светот – Газијипур. Со висина од 72 метри, оваа „планина од ѓубре“ достигнува речиси до висината на Таџ Махал и се протега на површина поголема од 50 фудбалски игралишта. Отворена во 1984 година, депонијата го достигнала својот капацитет уште во 2002, но и денес, секојдневно таму се истураат стотици тони отпад од целиот Делхи.

Сместена меѓу густо населени делови на градот, депонијата претставува сериозна закана за здравјето на милиони луѓе. Смрдеата е неподнослива, особено во летните месеци, а честите пожари создаваат густ, токсичен чад што го обвива соседството. Лизгањето на стрмните насипи од отпад веќе предизвикале трагедии – во 2017 година, повеќе од 50 милиони тони отпад се срушиле и затрупале десетици луѓе и возила.

„Ја гледам како расте секој ден. Сите власти ветуваат, ама никој ништо не презема,“ вели 71-годишниот Ибрахим Кан за Sky News. „Сите што живеат овде се разболуваат. Јас сум срцев болесник и едвај дишам.“

Иако од далеку Газијипур може да изгледа како природен рид, мирисот брзо открива дека станува збор за еден од најопасните примери на човековото невнимание кон природата и здравјето. Делхи произведува повеќе од 11.000 тони отпад дневно, а голем дел од него завршува токму тука. Газијипур продолжува да расте – секоја година во просек по 10 метри – претворајќи се во симбол на институционален неуспех и еколошка закана што никој не успева да ја запре.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни