Писмо на Моцарт, кое се сметало за изгубено, продадено на аукција за неверојатна сума

Писмо од композиторот Волфганг Амадеус Моцарт од 1783 година беше продадено на интернет аукција на приватен европски понудувач за 440.000 евра.

Цената на ракописот значително ја надмина почетната цена од 100.000 евра, соопшти аукциската куќа International Autograph Auctions Europe со седиште во Малага, на југот на Шпанија. Од аукциската куќа наведуваат дека интересот во САД и Азија бил голем, пренесува Index.hr.

Писмото се сметало за изгубено

Писмото на австрискиот композитор до францускиот издавач германско потекло, Жан-Жорж Зибер, напишано на германски јазик, се сметало за изгубено, но подоцна било пронајдено во семејната архива.

Некои истражувачи веруваат дека писмото содржи први трагови на познатите Моцартови и Хајднови квартети. На продажба биле и композиции на Зибер.

Исто така, на продажба било и писмо од Џон Ленон од осум страници, испратено до музичарот Ерик Клептон од 1971 година, во кое предлага формирање на нов „супер бенд“. Меѓутоа, писмото не е продадено.

„Интересот постоеше, но не беше доволен за понуда“, изјавил портпаролот на аукциската куќа. Почетната цена на писмото била помеѓу 80.000 и 100.000 евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни