За демонстрантите од генерацијата Z, кои ги наполнија улиците во Непал, ја симболизираше нивната решителност, пишува CNN.
Знамето потекнува од популарната јапонска манга One Piece од 1997 година, која го следи шармантниот пиратски капетан Монки Д. Луфи и неговата необична екипа „Сламнати шешири“. Тоа знаме го носи ликот на череп со сламнат шешир и препознатливиот Луфиев насмев.
За обожавателите на One Piece, знамето симболизира потрагата на Луфи за исполнување на соништата, ослободување на потчинетите и борба против автократската „Светска влада“.
Во реалниот свет, знамето од бродот на Луфи го надмина јазикот и границите и стана симбол на отпорот и борбата на младите, а се појави на протестите во Индонезија, Филипини, Непал и Париз.
Бикјат Катри, еден од организаторите на протестите во Непал, вели дека знамето „симболизира решителност да се отстрани сè што ѝ пречи на целта“.
„Многу млади во Непал сакаат аниме. Сакавме движењето да го отсликува духот на генерацијата Z, па слоганите и симболите што ги користевме беа блиски на младите“, објаснува Катри.
Симболите на поп-културата ги засилуваат протестите
Луфи првпат се појави во Weekly Shonen Jump во јули 1997 година, имаше 17 години и доби моќ да го направи телото еластично преку митско овошје, избегнувајќи заробување. One Piece стана најпродаваната манга од еден автор, со над 500 милиони примероци печатени ширум светот.
Андреа Хорбински, експерт за манга и аниме, вели дека очекувала знамето да се користи како политички симбол: „Луфи е многу решителен, има мисија и иако се соочува со неуспеси, никогаш не се предава. Тоа инспирира луѓето да го носат знамето на протестите.“
Нурријанти Џали, професорка по медиуми и комуникации, додава дека овие симболи „можат да ја пренесат пораката на народот без сè да се изрази со зборови“ и преку интернет мобилизираат млади во други земји со слични загрижености.
На протестите во Непал, покрај знаметото, се истакнуваа слогани како: „Генерација Z нема да молчи“, „Вашиот луксуз – нашата беда“ и „Непо бебис“ (против децата на политичарите кои се фалат со луксуз на социјалните мрежи).
Во Индонезија, знамето предизвика контроверзии кога граѓаните го истакнаа пред празникот Ден на независноста во август. Властите го обвинија народот за поделба и го споредија со издајство. Amnesty International побара од властите да ја почитуваат слободата на изразување, поради заплената на знамиња и наредбата за отстранување мурали.
Извор: N1info.rs