Пирати се качиле на танкер под малтешко знаме крај бреговите на Сомалија

Пирати се вкрцале на танкер што пловел под знамето на Малта, во близина на бреговите на Сомалија, соопшти компанијата за поморска безбедност „Ambrey“.

„Пријавено е дека пиратите ѝ се приближиле на бродот со брз глисер и отвориле оган кон танкерот,“ се наведува во соопштението на компанијата, додавајќи дека пиратите дејствувале од киднапиран ирански брод.

Танкерот пловел од индиското пристаниште Сика кон Дурбан, во Јужноафриканската Република.

Во одвоено соопштение, Агенцијата на Обединетото Кралство за поморски трговски операции (UKMTO) објави дека неовластени лица се качиле на пловило југоисточно од градот Ејла, во северниот дел на Сомалија.

Засега не е потврдено дали се работи за ист инцидент, но и двата извештаи наведуваат слична оддалеченост од сомалиското крајбрежје, што сугерира можно поврзување на двата случаи.

Инцидентот доаѓа во период на зголемени безбедносни ризици во водите на Индискиот Океан, каде што повторно се бележат активности на сомалиските пиратски групи, кои последниве години беа речиси целосно неутрализирани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни