Холандското архитектонско студио MVRDV на објактот кој е поранешен музеј, посветен на албанскиот диктатор Енвер Хоџа во центарот на Тирана, Албанија, му направи постајан покрив и низ него постави кутии во боја. MVRDV во соработка со IRI Architecture усепа да го трансформира стариот бетонски објект во културен центар. MVRDV во реновирањето направи измени како во внатрешноста на пирамидата така и на надворешниот дел, поставувајќи надворешни скали по кои посетителите можат да се искачат на самиот врв
„Првиот пат кога видов како младите од Тирана ја гледаат пирамидата, бев длабоко трогнат од нејзината симболика и од нејзиниот неверојатен оптимизам“, вели основачкиот партнер на MVRDV, Вини Маас.
Тој додава дека при реновирањето се отстранети сите елементи кои потсетуваат на времињата кога угнетеното албанско население живееше во сиромаштија.
„Имајќи на ум дека ова беше најскапата градба што комунистичката држава некогаш ја реализираше во време кога угнетеното албанско население живееше во сиромаштија, ги отстранивме сите симболи кои ја величеа диктатурата во нашата трансформација. Зачувавме некои од оригиналните детали за посетителите да бидат свесни и за мрачното минато на зградата“, вели Маас.
Сега зградата е целосно реновирана. Скоро на секој дел од пирамидата можат да се качат луѓе, како што тоа порано го правеле, за да стигнат до кровот од каде се пуштале како по лизгалка. Со реконструкцијата се додадени и светла во боја кај скалите. Како што велат изведувачите, и денес луѓето можат да се качат до кровот и да се лизгаат.
Инаку објектот е првично отворен во 1988 година како музеј посветен на Хоџа, кој беше диктатор на Албанија 40 години. По падот на комунизамот во 1991 година е затворена и пирамидата во Тирана. Но сепак потоа се користела за повеќе намени како радио станица, ноќен клуб, место за конференции и база на НАТО за време на војната во Косово. На крајот, пред последното реновирање објектот беше целосна руина.
Како што велат од MVRDV цеалта им е да дадат автентичен привид на таа рушевина, поставувајќи шарени кутии над, во и околу пирамидата. Четири од овие кутии се на врвот на пирамидата која е висока 20 метри, додека останатите се поставени една над друга.
Во зградата од 11.835 квадратни метри, обоените кутии се наредени во куп под стаклениот окулус. Тие имаат разни намени, вклучувајќи кафулиња, студија, работилници и канцеларии за почетни компании.
Околу половина од кутиите се користат како училници за непрофитната образовна институција ТУМО Тирана, која води образовна програма за вон школско образование, во која се дел ученици од 12 до 18 години. Тие учат софтвер, роботика и анимација.
Инаку МВРДВ со седиште во Ротердам е основана во 1991 година од Маас заедно со Џејкоб ван Ријс и Натали де Врис. Студиото дизајнира и зграда во градот висока 85 метри, по примерот на бистата на истакнатата историска личност во земјата Ѓерѓ Кастриоти, која ќе има фасада со пиксели.
Зградите се дел од бранот нови случувања во главниот град на земјата, вклучувајќи златен плоштад дизајнирана од италијанскиот архитект Стефано Боери Архитети и театар „во облик на пеперутка“ дизајниран од данското студио BIG.
Фотографијата е на Осип ван Дуивенбоде.
Извор: dezeen.com