Денес, (8.10) со почеток од 20 часот во Котур ќе се одигра монодрамата „Пингвинот“ во режија на Тамара Стојаноска, во рамките на фестивалот „Ѕирни 05“ во организација на Котур, Скопје.
Ова е трета изведба на „Пингвинот“, концептот и режијата е на Тамара Стојаноска, а игра актерот Лео Поповиќ. Претставата е во продукција на независниот Театар „Златен Елец“ Скопје.
Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје
Театар „Златен Елец“ овој месец освен „Пингвинот“, ќе ги одигра и претставите „Грета“(18.10 Театар Штип), „Кенди“(20.10 Ј.Х.К Џинот Театар Велес), „Не се курчи“(21.10 Оз Клуб Скопје).
Моментално во подготовки е нова претстава за деца која ќе се случи на крајот на месец октомври, а исто така се работи на новата независна продукција планирана за месец ноември во театар Велес.