Тиктокерка неодамна беше гостинка на свадбата на нејзините пријатели. Но, наместо младенците, главната ѕвезда беше пингвин.
Во виралното видео можеме да видиме африкански пингвин како оди покрај гостите, а сите погледи се вперени во него. Слаткиот пингвин бил задолжен да ги носи прстените до олтарот, а по церемонијата се измешал со гостите. Во коментарите под објавата, корисниците напишал дека сите се изненадени и не престанале да зборуваат за пингвинот цел ден.
За два дена видеото го погледнале повеќе од 1,5 милиони луѓе, кои оставиле преку 600 коментари. „Се би дал да имам пингвин на мојата свадба“, „Малку е збунет, но дава се од себе“, се само дел од коментарите.
Извор: ТикТок