Антарктичките пингвини ја поместуваат сезоната на размножување порано од кога било досега, предупредуваат научниците, откако ново истражување откри „рекордено поместување“ во нивните репродуктивни навики. Кај Џенту пингвин сезоната на размножување се поместила во просек за 14 дена порано, што предизвика сериозна загриженост за иднината на екосистемите на Антарктикот.
Пингвините Адели, Чинстрап и Џенту живеат во регионите со најбрзо затоплување на планетата, каде што температурите на местата со колонии растат и до четири пати побрзо од антарктичкиот просек.
Рекорден фенолошки поместувач
Десетгодишна студија спроведена од проектот Penguin Watch при Универзитетот Оксфорд и Универзитетот Оксфорд Брукс, објавена во научното списание Journal of Animal Ecology, укажува дека станува збор за најбрз регистриран фенолошки поместувач кај птиците, а можеби и кај кој било ’рбетник досега.
Научниците ги анализирале податоците од 35 колонии меѓу 2012 и 2022 година, користејќи 77 time-lapse камери. Клучниот показател бил моментот на „населување“ односно првиот датум кога пингвините континуирано ги зафаќаат гнездата.
Резултатите покажале дека кај Џенту пингвините размножувањето се поместува во просек за 13 дена по деценија, а во некои колонии и до 24 дена. Кај Адели и Чинстрап пингвините, поместувањето изнесувало околу 10 дена.
„Победници и губитници“ на климатските промени
„Нашите резултати укажуваат дека ќе има ‘победници и губитници’ од климатските промени меѓу пингвините“, вели водечкиот автор Игнасио Хуарез Мартинес.
Тој објаснува дека потополите, потсубполарни услови на Антарктичкиот Полуостров им одговараат на општи видови како Џенту, на сметка на поларните специјалисти како Чинстрап и Адели. Намалувањето на разновидноста на пингвините, предупредуваат научниците, го зголемува ризикот од поширок еколошки колапс.
Иако статистичките модели силно укажуваат дека зголемените температури се главната причина за ова поместување, истражувачите велат дека сè уште не е јасно дали станува збор за успешна адаптација или за знак на биолошки стрес.
Дали раното размножување е опасно?
Промените во сезоните на размножување можат сериозно да го нарушат пристапот до храна, предупредуваат експертите. Сличен проблем веќе доведе до масовна смртност кај африкански пингвин во Јужна Африка.
Студија од 2025 година на South African Department of Forestry, Fisheries and the Environment и University of Exeter покажала дека меѓу 2004 и 2011 година околу 62.000 африкански пингвини угинале поради недостиг на храна.
Причината била драстичниот пад на популацијата на сардината Sardinops sagax, клучна за нивниот опстанок, како последица на промените во температурата и соленоста на океаните.
Научниците предупредуваат дека, дури и во најдоброто сценарио, не е јасно колку долго пингвините ќе можат да се приспособуваат ако затоплувањето продолжи со сегашното темпо.
