Пилотите на јужнокорејскиот лет што излета од пистата пријавиле судар со птици

Пилотите на јужнокорејскиот комерцијален лет што излета од пистата и се запали, пријавиле судар со птици непосредно пред слетувањето, јави денеска новинската агенција Јонхап, цитирајќи го Министерството за транспорт.

Пилотите испратиле сигнал „Мејдеј“ (Mayday) вчера наутро по судир со птици на меѓународниот аеродром Муан во провинцијата Џеола, околу 288 километри југозападно од Сеул, се вели во извештајот.

Информациите ги поддржаа сомнежите дека може да била погодена опремата за слетување на Боингот 737-800 на Чеџу Ер. Според властите, контролната кула на аеродромот издала предупредување за птици непосредно пред падот.

Авионот слета без активирана опрема за слетување, се лизгаше по пистата и се удри во бетонски ѕид пред да се запали.

Во него имало 181 лице, од кои 179 загинаа. Двајцата преживеани се членови на екипажот. Освен двајца тајландски државјани, сите во авионот биле и корејски државјани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни