Пијан кавадарчанец престигнал седум возила застанати на црвено светло на семафор

Пијан кавадарчанец возејќи под алкохол на црвен семафор заобиколит седум возила

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. 

„Вчера во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода П.К., на возраст од 48 години од Кавадарци. При преземање мерки, по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко возило „рено“ co кавадаречки регистарски ознаки, престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта“, појаснија од СВР – Велес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни