„Ми се чини дека тој простор е населен со приврзаници на Вучиќ и дека тоа е огледало на денешна Србија. Насилството беше неизбежно, бидејќи тие луѓе се таму за да интервенираат против сите кои му се спротивставуваат на режимот. Таков простор треба да им се врати на сите граѓани,“ рече Пицула.
Инцидентот се случи вчера претпладне кога започна пожар во кампот пред Собранието, познат како „Чациленд“. Во нередите се слушнале и пукотници, при што едно лице беше рането, а едно уапсено. Српскиот претседател Александар Вучиќ подоцна соопшти дека нападот го извршил 70-годишен пензионер, поранешен работник на ДБ, и објави снимки од неговото полициско испрашување.
„Властa е најодговорна за состојбата во земјата“
Пицула нагласи дека владата на Србија сноси најголема одговорност за состојбата во државата, порачувајќи дека Резолуцијата за Србија, која Европскиот парламент ја усвои со големо мнозинство, е „најостра досега“.
„Ова не е напад на Србија, туку критика на однесувањето на власта. Унијата никогаш не ѝ ги затворила вратите на Србија, но има право отворено да укаже што треба да се промени,“ рече тој, додавајќи дека резолуцијата ја поддржале 457 европратеници, а само 103 гласале против.
Според него, европратениците биле обединети за само два часа околу текстот на документот, што покажува дека во Брисел постои стабилна проевропска линија кон Србија и подготвеност да се помогне на промените, но само доколку Белград навистина ја избере европската насока.
„Двојниот наратив на Вучиќ не може да трае засекогаш“
Коментирајќи ги контрадикторните пораки од Белград – залагање за членство во ЕУ, а во исто време навреди кон европратениците – Пицула рече дека таквата стратегија е неодржлива.
„Тоа е шизофрена ситуација што трае предолго. Не можете истовремено да зборувате за европска иднина и да ги навредувате институциите што треба да ве примат. Тој двоен наратив може краткорочно да послужи, но на долг рок го поткопува главниот стратешки цели – влезот во ЕУ,“ порача Пицула.
Европратеникот додаде дека Србија не може да напредува без вистински демократски реформи, меѓу кои ги издвојува усвојувањето на Законот за избирачки список и изборот на нов Совет на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ).
„Промени нема да има без фер избори и слободни медиуми. Тоа е предуслов за вистински напредок,“ заклучи Пицула.
Извор: N1info.rs