Семејството на починатиот рапер сега го ангажирало познатиот адвокат Алекс Спир да ја истражи поврзаноста меѓу смртта на Тупак и Пи Диди, пренесува Билборд.
Шакур бил убиен кога имал 25 години. Како последица од пукањето тој починал. Минатата година, по речиси 30 години, за неговото убиство беше уапсен Дуан „Киф Д“ Дејвис.
Тој беше осуден за убиство со смртоносно оружје. Тој тврди дека Диди платил милион долари за да го убие Шакур.
Меѓутоа, во 2008 година, раперот негираше дека е поврзан со убиството на Тупак.
„Таа приказна е лага. Целосно е смешна и невистинита. Ниту Notorious B.I.G., ниту јас не знаевме ништо за нападот пред, за време или откако се случи“, рече тој тогаш.