Пи Диди се поврзува и со убиството на Тупак: Платил милион долари за ликвидација?

Раперот Пи Диди беше обвинет за сексуална злоупотреба, силување и бројни други криминални дејствија, а откако започна лавината на обвинувања, почна да се споменува во случајот за убиството на раперот Тупак.
Фото: The Cable Show/Flickr

Семејството на починатиот рапер сега го ангажирало познатиот адвокат Алекс Спир да ја истражи поврзаноста меѓу смртта на Тупак и Пи Диди, пренесува Билборд.

Шакур бил убиен кога имал 25 години. Како последица од пукањето тој починал. Минатата година, по речиси 30 години, за неговото убиство беше уапсен Дуан „Киф Д“ Дејвис.

Тој беше осуден за убиство со смртоносно оружје. Тој тврди дека Диди платил милион долари за да го убие Шакур.

Меѓутоа, во 2008 година, раперот негираше дека е поврзан со убиството на Тупак.

„Таа приказна е лага. Целосно е смешна и невистинита. Ниту Notorious B.I.G., ниту јас не знаевме ништо за нападот пред, за време или откако се случи“, рече тој тогаш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни