Пијано што го преживеа јапонското цунами во 2011 година изложено на аеродром

Пијано оштетено во цунамито што го опустоши североисточниот дел на Јапонија во 2011 година е изложено на аеродромот Сендаи во префектурата Мијаги за да можат сите да свират, објави јапонската јавна телевизија NHK.

Пронајден и поправен е инструментот што го проголта цунамито предизвикано од силниот земјотрес на 11 март 2011 година, но трагите на него и оштетувањата на еден клуч останале недопрени.

Таканареченото „пијано за реконструкција“ се изложува на аеродромот секоја година околу ова време за да ги поттикне посетителите да размислуваат за катастрофата.


Еден човек на околу 80 години од западната префектура Сага рече дека сцените од катастрофата му дошле на ум додека свирел на пијаното. Тој рече дека сака да продолжи да дава поддршка за погодените области.

Инструментот е во сопственост на учителот по пијано Сакураи Јуми.

Сакураи рече дека сака луѓето да свират на пијаното и да слушаат музика за да се сеќаваат на времето на катастрофата, вклучувајќи ги и оние кои не биле директно погодени.

Пијаното ќе биде изложено во салонот за пристигнување на аеродромот на првиот кат до 11 март.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни