Пијано-концерт на младата пијанистка Ивана Мазнејкова во Македонскиот културен центар во Истанбул

Пред истанбулската публика беа изведени дела од Бах, Бетовен, Давиташвили и Николовски.

Во Македонскиот културен центар во Истанбул вчера вечер се одржа пијано-концерт на младата пијанистка Ивана Мазнејкова.

Концертната програма на Мазнејкова е селектиран избор кој опфаќа различни музички периоди и стилови.

Пред истанбулската публика беа изведени дела од Бах, Бетовен, Давиташвили и Николовски.

Ивана Мазнејкова е млада и талентирана македонска пијанистка, родена во 2006 година во Струмица. Почнала да учи пијано на рана возраст под водство на нејзините родители – учители по пијано. Ивана има настапувано на над 190 концерти, натпревари и фестивали низ Европа, со што се етаблира како перспективен уметник на меѓународната сцена. Изведувала во 19 земји и била поканета на престижни настани и фестивали, вклучително и како солист со оркестарот на Македонската филхармонија.

Нејзината страст, посветеност и вештина досега ѝ донесоа многубројни награди и признанија, означувајќи ја како еден од најперспективните млади македонски таленти по класично пијано денес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни