Пијаните гости од турските меани ги носеле дома во кош

Излегувањето во барови со пријатели е универзално исксутво што многумина го уживаат. Кога сте излезени со добро друштво, добра атмосфера и музика времето брзо поминува, а токму тоа води и кон некои лоши одлуки, како прекумерна консумација на алкохол. И додека сега ако испиете малку повеќе можете да си заминете дома со автобус или такси, во 1960тите во Истанбул за тоа постоел посебен човек со кош, кој ќе ве однесе до дома.

Ваквиот сервис бил достапен на влезот на речиси секоја меана во Истанбул, каде што луѓето со кошовите чекале. Кога некој, кој имал испиено премногу за да стои ќе излезел, тие го носеле дома во овие големи кошови, кои се нарекувале „куфе“.

Не е познато кога започнала оваа традиција во Турција, ниту пак до кога точно траеле, но историските истражувачи претпоставуваат дека таа замрела некаде кон крајот на 1960тите години. Варијации на зборот „куфе“ и денес во турција се користат како сленг за опишување на многу пијан човек.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни