Пијаниста: Како со уличната уметност да се бориме против помодарството и кичот?

Предавање и промоција на книга на Андреј Јосифовски Пијаниста – архитект и уличен уметник во борба против помодарството и кичот ќе се одржи во сабота во 19 часот на Архитектонскиот Факултет.

Андреј Јосифовски е уличен уметник, доктор на науки, архитект, асистент професор од Белград. Toj се бори културата и уметноста да добијат место во општеството кое што треба да го имаат.

Неговата цел е подобро и похумано општество.

Андреј континуирано го привлекува вниманието со неговите уметнички дела во јавен простор.

За себе вели: „Јас сум уличен уметник и моите дела по природа се секогаш пред очите на јавноста, пред се затоа што тематски, тие се повеќе или помалку секогаш фокусирани на актуелни, горливи прашања од општо значење. Улиците ги доживувам како крвотокот на градот, без кој нема да има ништо од градскиот живот, сè почнува и завршува таму. Духот на градот е вклучен во неговите улици, а моите дела секогаш се осветлени од тој дух.“

Тој верува дека вистинската уметноста секогаш мора да биде суштинска, да има што да каже, да пренесе порака, да предизвика реакции кои треба да ја разбудат свеста и да поттикнат размислување.

Уметноста не е уметност ако не насочува, ако не пренесува корисни вести.На предавањето ќе бидат споделени сведоштва за процесот на креирање на големи уметнички активистички акции. Авторот ќе не води низ процесот на осмислување, преку процесот на изработка, па се до процес на инсталација, секако проследени со рефлексии на случувањата по поставувањето и реакциите на јавноста (и полицијата).

Своите акции редовно го споделува на неговиот Инстаграм профил: https://www.instagram.com/pijanistq/

По предавањето ќе биде промовирана и неговата втора книга „Пијаниста – од порано познат на полицијата“ дело и ѕид 2014-2024, која преку анегдоти ја опишува и богато ги илустрира случувањата поврзани со сликањето на мурали и изработката на визуелни поставки.

Книгата е конципирана како преглед на избрани дела кои се создавале во последните десет години од творештво на Пијанистот.

Биографија: Д-р Андреј Јосифовски [6.10.1990.] по завршените основни студии на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Белград [2012] ги заврши мастер академските студии [2014], а потоа и докторираше на истиот факултет [2021]. Доцент е на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Белград на Одделот за архитектонски технологии.

Насликал голем број мурали, извел бројни перформанси, скулптури и инсталации во земјата и во странство, а неговото дело е следено од разни еминентни светски медиуми за улична уметност.

Изложувал на дваесет и девет колективни и шест самостојни изложби, меѓу кои посебно важни се Face au mur, организирана во Културниот центар на Србија во Париз (Centre culturel de Serbie), Биенале на архитектура во Венеција, каде што го претставил своето дело „Златен контејнер“, самостојната изложба „Пијаниста – пет години на улица“ ѕид и дело во Студентскиот културен центар во Белград, каде што била претставена и неговата истоимена монографија и самостојната изложба „Анѓели на темнината“ во култната галерија „Хаос“ во Белград.

Еден уметнички труд е вклучен во проектот „Сеќавање на градот“, а другите работи се објавени во повеќе од петнаесет книги, каталози и списанија, од кои најзначајни се „Јуроп стрит арт & графити“ (Europe street art & graffiti) и „Стрит арт контексти“ (Street art contexte(s)) обете во издание на француската куќа Едишен Галимард (Editions Gallimard).

Добитник е на голем број награди од областа на активизмот и архитектурата.

Татко е на Алексеи и Анџела Јосифовски и сопруг на Ања Јосифовски.Неговите работи ги потпишува со својот прекар ПИЈАНИСТА.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни