„Пијан Славеј“ на Летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ

ТРН заедно со МНТ ќе обезбеди по два билети за концертот на „Пијан Славеј“ за двајца читатели на ТРН кои први во коментар ќе одговорат на прашањето – Како е името на пејачот од Пијан Славеј?

Утре, на 24 септември, на Летната Сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата “Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

ТРН заедно со МНТ ќе обезбеди по два билети за концертот на „Пијан Славеј“ за двајца читатели на ТРН кои први во коментар ќе одговорат на прашањето – Како е името пејачот од Пијан Славеј?

Неделава на Летната сцена ќе можете да ги видите и претставите ,,Кец на десетка”, „Не се клади на Енглези” и музички настап на LD Pistolero & Dj Goce feat. R.O.N.I.N

Во прилог е програмата за репертоарот на Летната сцена неделава

25.09 – Изведба на претставата ,,Кец на десетка”-директен линк до билети: https://mnt.mk/online/index.php?id=576

26.09 – Изведба на претставата ,,Не се клади на Енглези”– директен линк до билети: https://mnt.mk/online/index.php?id=577

27.09 – Музички настап – LD Pistolero & Dj Goce feat. R.O.N.I.N– директен линк до билети: https://mnt.mk/repertoar/eventdetail/1717/-/muzichki-nastap-ld-pistolero-dj-goce-feat-r-o-n-i-n

Сите настани/изведби се со почеток од 21:00 часот. Билетите се со цена од 600 денари и можат да се купат онлајн на http://www.mnt.mk или при билетарницата на МНТ секој работен ден од 12:00 до 21:00ч.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни