Музичкиот фестивал Андерфест вечерва ќе се одржи во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје по петти пат. Ќе настапат бендовите „Преку ред“, „Ред 18“, „Конспираси“, „Луфтанза“, „Пич Вајз“ и „Последен удар“.
Целта на фестивалот е да се промовираат музичари од алтернативната, рок, панк рок, метал и хардкор сцена.
„Се работи за актуелни музички имиња, за кои се очекува многу публика“, велат организаторите на фестивалот.
Продажбата на влезници e започната онлајн преку мрежата на билети.мк.