Петти ден огромен пожар гори во Франција

Ова е најголемиот пожар во Франција од 1949 година, зафаќа повеќе од 16.000 хектари и одзеде најмалку еден живот
Фото: Anadolu Agency/Getty Images

Шумскиот пожар во јужниот француски регион Од нема да биде под контрола барем утре вечер, објави локалниот началник на противпожарната служба.

Пожарот што започна во вторникот е најголемиот во Франција од 1949 година. Зафаќа повеќе од 16.000 хектари и одзеде најмалку еден живот, повреди 19 пожарникари и шест цивили, а уништи и десетици домови.

„Пожарот е локализиран, но не е под контрола. Сè уште имаме жаришта и пожарот нема да биде под контрола до недела навечер“, изјави Кристоф Мањи за BFM TV.

Трет најтопол јули на Земјата откако се водат евиденции

Сите локални патишта во регионот, кој граничи со Шпанија, се повторно отворени, но влезот во пожарната зона е забранет поради ризик од повторно запалување. Француските власти го припишуваат пожарот на климатските промени.

Поради намалената потрошувачка на вино и ниските субвенции, лозарите во областа ископаа голем дел од своите лозја пред пожарот, кои вообичаено служат како природен противпожарен штит со задржување на влагата, објави Ројтерс.

„Многу е впечатливо што секаде каде што имало лозја, пожарот е во голема мера локализиран“, изјави францускиот премиер Франсоа Бајру во средата додека го обиколуваше пожарот. Пожарот изгоре некои лозја. Но, во многу области, уредно одржувани редови лози и земја без грмушки преживеале додека пожарот горел околу нив.

Според податоците од Европската комисија, од почетокот на годината во Европа изгореле 353 илјади хектари во 1.478 пожари.

Службата за климатски промени „Коперник“ на ЕУ во четврток соопшти дека минатиот месец бил третиот најтопол јули на Земјата откако се водат мерења, вклучувајќи рекордно висока температура од 50,5 степени Целзиусови во Турција. Најжешките и вторите најтопол јули се забележани во 2023 и 2024 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни