Петти јубилеј на Андерфест – обединување на авангардната култура

Музичкиот фестивал Андерфест вечерва ќе се одржи во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје по петти пат. Ќе настапат бендовите „Преку ред“, „Ред 18“, „Конспираси“, „Луфтанза“, „Пич Вајз“ и „Последен удар“.

Целта на фестивалот е да се промовираат музичари од алтернативната, рок, панк рок, метал и хардкор сцена.

„Се работи за актуелни музички имиња, за кои се очекува многу публика“, велат организаторите на фестивалот.

Продажбата на влезници e започната онлајн преку мрежата на билети.мк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни