Петрушевска прогласена за лауерат на МТВ „Денови на комедија“

Наградата на Петрушевска ќе ѝ биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот Денови на комедија 2025 на 24 септември

Актерката Весна Петрушевска е прогласена за лауреат на МТФ Денови на комедија 2025, настан што секоја година се одржува во Куманово.

„Фестивалот и Советот на Фестивалот МТФ Денови на комедија Куманово во состав на: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски, доделува награда „Васил Иљоски” на актерката Весна Петрушевска за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедијата“ соопштуваат организаторите.

Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот Денови на комедија 2025 на 24 септември во голема сала на Центар за култура Куманово.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни