Петок- Ден за Бојкот!

,,Повикуваме на масовен бојкот. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања”

Драстично високите цени предизвикаа незадоволство кај граѓаните во земјава и регионот. По повикот на социјалните мрежи денес граѓаните нема да купуваат и да ги користат услугите на маркетите, со цел да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба.

„Повикуваме на масовен бојкот. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ стои во повикот на социјалните мрежи.

Бранот на бојкот започна во Хрватска на 24 јануари. Иницијативата, која потекна од Фејсбук-групата „Ало, инспекторе“, зад која стои Европскиот центар за извонредност на потрошувачите (ECIP), доби поддршка од здруженија за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од министерот за економија. Вредноста на сметките за еден ден паднала за 50%.

Денес освен во Македонија бојкот на продавниците има и во Босна и Херцеговина каде граѓаните повикаа на бојкот на продавници, бензински пумпи, кафулиња и ресторани како израз на незадоволство од високите цени и нискиот животен стандард. Иницијаторите на кампањата ги повикуваат граѓаните да не купуваат ништо тој ден и однапред да ги обезбедат потребните намирници, да готват дома и да избегнуваат трошење пари во ресторани. Граѓаните на форумите на интернет истакнуваат дека цените на храната во БиХ се повисоки отколку во некои развиени земји како Германија, додека трошоците за домување остануваат неподносливи.

Бојот на супермаркетите и продавниците има и во Црна Гора.

– Можеме ли политиката да ја оставиме настрана на еден ден? Да не се делиме, сите да бидеме едно, да им покажеме дека ние сме тие што одлучуваат, се посочува во соопштението на Институт Алтернатива.

Здруженијата за заштита на потрошувачите во Словенија и Србија исто така повикаа на бојкот на маркетите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни