Според порталот Focus on Belgium, тој е веројатно најпознатиот вундеркинд во Белгија, а можеби и во светот, бидејќи држи рекорд како најмладата личност со докторска титула во оваа научна област.
Откако ја завршил и магистратурата по физика, тинејџерот од Остенде неодамна успешно ја одбранил својата докторска теза и стекнал докторат по квантна физика.
Симонс, кој важи за „чудо од дете“, останува амбициозен, неговата следна цел е да работи со својот татко, кој живее во Минхен, за да стекне докторат по медицина со фокус на вештачка интелигенција, област што не е поврзана со физиката.
„Веројатно сум најмладата личност во светот која стекнала докторат“, изјавил Симонс за белгиските медиуми, додавајќи дека сонува да создава „надлуѓе“ преку развој на технологии што би му помогнале на човечкото тело да го продолжи животниот век.
И покрај исклучително напорниот академски распоред, младиот Белгиец тврди дека сè уште има време да се дружи со врсниците, а најмногу ужива во видео игри, пренесува белгискиот портал.
Извор:N1info.rs
