Во моментов во земјава се хоспитализирани 55 пациенти, додека 115 се лекуваат во странство. На шестмина пациенти со најтешки изгореници во Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје веќе им е извршена трансплантација на кожа.
Најкритичните случаи се во Србија, Бугарија и Грција, а нивното враќање во Македонија се очекува откако ќе се стабилизира нивната состојба. Министерството за здравство има подготвен протокол за нивен прием, а првите пациенти од странство би можеле да пристигнат веќе во среда или четврток.