Каква е состојбата на повредените во пожарот?

Петмина во критична состојба, на шестмина им е трансплантирана кожа, а девет пациенти заминуваат дома

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека пациентите кои се лекуваат во македонските болници по трагедијата во Кочани се во стабилна состојба, а деветмина од нив во текот на денот ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Во моментов во земјава се хоспитализирани 55 пациенти, додека 115 се лекуваат во странство. На шестмина пациенти со најтешки изгореници во Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје веќе им е извршена трансплантација на кожа.

Најкритичните случаи се во Србија, Бугарија и Грција, а нивното враќање во Македонија се очекува откако ќе се стабилизира нивната состојба. Министерството за здравство има подготвен протокол за нивен прием, а првите пациенти од странство би можеле да пристигнат веќе во среда или четврток.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни