На францускиот остров Олерон утрово се случи масовен напад во кој напаѓач со автомобил намерно удри десет лица. Според најновите информации, петмина се во тешка состојба, а двајца се во животна опасност.
Според локалните власти, инцидентот се случил околу 8:45 часот наутро, кога возачот започнал да дивее и низ патиштата помеѓу местата Сен Пјер, Долис и Котинје. Возилото било целосно уништено, што, според полицијата, укажува на тоа дека нападот бил извршен со полна намера.
При апсењето, напаѓачот извикал „Алаху Акбар“, потврдија извори од истрагата.
Повредени и сведоштва
Меѓу повредените има мајка која се враќала дома по оставање на детето во училиште, како и повеќе минувачи на возраст од 22 до 69 години.
Едно лице со тешки повреди било пренесено со хеликоптер во болницата во Поатје.
„Наидов на жена што лежеше ничкум, не се поместуваше. Нејзините патики беа оддалечени неколку метри. Помислив дека е мртва. Почнав да викам и да барам помош,“ раскажа една жителка на островот со потресен глас.
Паника и блокада
Сведоци опишуваат целосна паника на улиците – луѓето во шок не излегувале од домовите, додека некои останале затворени во продавници со часови додека ситуацијата не се стабилизирала.
Локалните власти наведуваат дека напаѓачот немал позадина на психијатриски нарушувања, што го прави случајот уште поалармантен.