Петмина обвинети за смртта на Метју Пери, креирале завера да му продаваат кетамин

Фото: Policy Exchange/Flickr

Петмина се обвинети во врска со фаталното предозирање на актерот Метју Пери минатата година, соопштија властите од Лос Анџелес, помеѓу кои се двајца лекари. Тие креирале завера за да му даваат кетамин на Пери, кој барал лечење од депресија и анксиозност, при што шишенце кетамин кое чини 12 долари, му го продавале на актерот за 2000.

Двајцата лекар, Џасвин Санга, позната како „кетаминска кралица“ и Салвадор Пласенсија се обвинети дека работеле со останатите за на Метју Пери да му биде доставуван кетамин од септември до октомври 2023 година.

Санга е обовинета за дистрибуација, но и поради тоа што имала локал во кој се чувала дрога, за поседување метамфетамин со намера да го дистрибуира и за дистрибуција на кетамин.

Докторот Пласенсија е обвинет за завера да дистрибуира кетамин, за дистрибуација на кетамин и за фалсификување на документи во врска со сојузна истрага.

Ерик Флеминг признал вина за дистрибуација на кетамин што резултирала со смрт. Тој признал дека му го дал кетаминот на Пери.  Исто така кажал дека кетаминот го набавил од својот извор, Санга и дека дал 50 шишенца со кетамин на личниот асистен на Пери, Кенет Ивамаса, од кои половина му биле предадени на актерот само четири дена пред смртта.

Кенет Ивамаса, личниот асистент на Пери е обвинет дека во завера со Санга, Флеминк и Пласенсија илегално набавувал и му доставувал кетамин на Пери.

Тој исто така признал вина и кажал дека повеќе пати му инјектирал кетамин на Пери без медицинска обука, вклучувајќи и повеќе пати на денот кога тој почина.

Доктор Марк Чавез е лекар кој исто така признал вина. Тој во договорот со обвинителството признал дека му продал кетамин на Пласенсија.

Фото: Psychonaught, CC0, via Wikimedia Commons

Властите соопштија дека полицијата открила продавница за дрога во куќата на Санга, во која имало шишенца кетамин, илјадници апчиња, кокаин и други дроги.

Метју Пери беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес во октомври минатата година, а обдукцијата потврди дека е причина за смртта е „акутен ефект на кетамин“.

На 10 октомври, неколку недели пред смртта на Пери, обвинетиот доктор Пласенсија купил 10 шишенца кетамин од Чавез со намера да му ги продаде на Пери, се наведува во обвинението. Таму исто така стои дека Пласенсија се сретнал со Пери и неговиот асистент Ивамаса на паркинг во Калифорнија, каде што Пласенсија му инјектирал кетамин на Пери додека бил во возилото. Два дена подоцна, Пласенсија му инјектирал поголема доза кетамин на Пери во неговиот дом, на што Пери имал негативна реакција и покачен крвен притисок. Тогаш Пласенсија му рекол на Ивамаса дека треба да престанат со тоа, но сепак му оставил шишенца со кетамин.

„Пери барал лечење од депресија и анксиозност, но на крајот се обратил на безкрупулозни лекари кои во Пери виделе начин за брза заработка“ изјави на прес-конференција Ен Милиграм од Агенцијата за сузбивање на тргова со дрога и наркотици од САД.

Таа додаде дека лекарите без медицински проценки или следења, го снабдувале актерот со големи количини на кетамин и му наплаќале по две илјади долари за шишенце, а тоа чинело само 12 долари.

Осомничените користеле шифри во обид да ја прикријат заверата по смртта на Пери и дека се обидувале да ја заташкаат целата акција откако ги виделе извештаите за смртта на актерот.

Властите објавија дека Санга испратил порака до другите осомничени да ги избришат сите пораки, а доктор Пласенсија ја фалсификувал медицинската документција за да прикаже дека лековите биле набавувани легално.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни