Петар Маѓар е унгарски политичар и правник кој до неодамна бил дел од владејачката партија Фидес на Виктор Орбан. По години блиска соработка со власта, во 2024 година јавно се дистанцира и го напушта системот, критикувајќи го начинот на кој се води државата.
Тој станува лидер на партијата ТИСА и брзо се наметнува како главно лице на опозицијата. На европските избори во 2024 година, неговата партија постигнува силен резултат, што го претвора во најсериозен политички противник на Орбан во последните години.
Маѓар се претставува како проевропски ориентиран политичар кој се залага за борба против корупцијата и враќање на довербата во институциите. Во пресрет на изборите, тој отворено порача дека гласањето ќе биде одлучувачко за иднината на Унгарија – дали ќе продолжи по истиот пат или ќе се сврти кон промени.
Во моментов, анкетите покажуваат дека неговото движење има сериозна поддршка и дека за првпат по долго време власта на Орбан е сериозно разнишана.