„Петар и волкот“ во петок пред најмладата публика во Тетово

Во рамките на годишната програма на Националната установа Музички Ансамбл на Република Северна Македонија – Тетово, на 4-ти октомври 2024 година, петок, на сцената на Центарот за култура во Тетово ќе биде изведена симфониската бајка за деца „Петар и волкот“. Овој концерт е наменет за најмладата публика.

Камерен оркестар, под диригентската палка на Агона Чупи и Ангел Спироски, заедно со нараторот Рахим Рамадани, ќе ги воведат најмладите во магичниот свет на класичната музика на Сергеј Прокофиев. Претставата ќе се одржи на два јазика – на албански јазик од 16:00 часот и на македонски јазик од 17:00 часот.

„Петар и волкот“ е симфониска бајка која раскажува хумористична и возбудлива приказна за храброто момче Петар, кое со помош на животните и ловците се обидува да го фати лошиот волк. Приказната е уникатна по тоа што секој лик е претставен со различен инструмент, што на децата им овозможува да ги запознаат звуците на класичната музика преку еден интересен и интерактивен начин.

Концертот не само што ги забавува децата, туку и ги едуцира, запознавајќи ги со различни музички инструменти, нивниот звук и карактер. Овој настан ќе им понуди на најмладите слушатели можност да научат повеќе за храброста, пријателството и важноста на критичкото размислување.

Влезот за овој едукативен концерт е бесплатен, а е наменет за деца над 6-годишна возраст. Ве покануваме да уживате во оваа уникатна музичка авантура заедно со вашите најмлади!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни