Пет загинати откако се превртел минибус во Турција

Спасувачите потврдиле дека пет лица го загубиле животот, додека 14 повредени се пренесени во блиските болници за лекување.

Пет лица загинале, а 14 се повредени откако минибус со земјоделски работници излетал од патот и се превртел во ендек во округот Ердемли, во јужната турска провинција Мерсин, јавуваат турските медиуми.

Според првичните информации, минибусот го управувал возач чиј идентитет се уште не е утврден, а несреќата се случила во населбата Авгади, во махалијата Ајдинлар, јавува агенцијата Анадолија.

На местото на несреќата интервенирале екипи на брза помош, жандармерија и пожарникари. Спасувачите потврдиле дека пет лица го загубиле животот, додека 14 повредени се пренесени во блиските болници за лекување.

Истражната постапка за причините на несреќата е во тек.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни