Некои секојдневни утрински навики можат значајно да го нарушат ноќниот одмор, дури и ако мислите дека правите сè како што треба.
Прекумерен внес на кофеин на почетокот од денот
Иако утринското кафе за многумина е неопходен ритуал, кофеинот може да влијае на тоа колку лесно ќе заспиете вечерта. Ефектите се чувствуваат веќе по 15 минути, а во телото кофеинот останува активен и до 10 часа. Затоа неколку шолји кафе или енергетски пијалаци наутро можат да ви го нарушат ритамот на спиење, особено ако сте чувствителни на кофеин.
Нередовно време на будење
Спиењето подолго за време на викендите изгледа примамливо, но може да ги поремети биолошките ритми. Експертите препорачуваат будење во исто време секој ден дури и за време на одмор за да се избегне „социјален џет-лег“, кој може да предизвика замор, нарушено расположение и пад на концентрацијата.
Недоволно изложување на природна светлина
Циркадијалниот ритам, нашиот внатрешен биолошки часовник, силно зависи од природната светлина. Утринското сонце му сигнализира на телото кога треба да се разбуди и подоцна полесно да заспие. Недостатокот на светлина ја одложува поспаноста и може да доведе до несоница.
Немате јасен список со дневни обврски
Правењето реалистичен список на задачи помага да се намали анксиозноста која често нè надвиснува навечер. Запишувањето три до пет остварливи задачи создава структура и спречува преоптовареност, која може да го одложи сонот.
Го проверувате мобилниот веднаш по будењето
Кога денот започнува со нотификации, пораки или барања, мозокот веднаш влегува во состојба на стрес. Тоа создава немир кој се протега низ целиот ден и негативно влијае на вечерната релаксација. Еспертите препорачуваат користење класичен будилник и избегнување екрани веднаш по будењето и пред спиење.
Овие наизглед безопасни навики можат значајно да го нарушат квалитетот на вашиот сон. Малите промени во утринската рутина можат да донесат големи придобивки за вашето здравје, расположение и енергија во текот на денот.
Извор: Index.hr
