Пет туристи загинаа во силна снежна бура во Националниот парк Торес дел Паине во Патагонија, на југот на Чиле, соопштija чилеанските власти. Истовремено, четири лица кои претходно се водеа како исчезнати биле пронајдени живи.
Националностите на загинатите
Според официјалните информации, меѓу жртвите се: двајца германски државјани, двајца државјани на Мексико и еден британски државјанин.
Чилеанскиот претседател Габриел Бориќ изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите преку објава на социјалните мрежи.
Како се случила трагедијата?
Несреќата се случила во близина на кампот Лос Перос, област до која може да се стигне само по четири до пет часа пешачење од најблиската точка достапна со автомобил, изјави гувернерскиот претставник за регионот Ултима Есперанца, Гиљермо Руис.
Регионoт бил погоден од исклучително силна снежна бура со ветрови кои достигнале брзина над 193 километри на час, што одговара на ураган од трета категорија.
