Пет тактики кои не дозволуваат политиката да ги наруши врските

Живееме во многу поларизирачки времиња. Расправиите за политиката не се нови, но веројатно се посилни отколку во минатото, поради поларизацијата на гледиштата предизвикани од начинот на кој ги консумираме медиумите и вестите.

А со појавата на интернетот, се почести се и познанствата и врските од луѓе кои не се пораснати со исти социјални или културни влијанија. Тоа значи дека се повеќе и повеќе парови треба да се справуваат со разлики во основните вредности кои се во основата на политичките конфликти.

Која е најдобрата тактика за надминување на политичките несогласувања со вашиот партнер?

1. Почитувајте ги и вреднувајте ги вашите разлики

Студиите од Истражувачкиот центар Пју покажаа дека луѓето брзо претпоставуваат дека оние кои имаат различни политички ставови се морално инфериорни. Партизанските инстинкти се толку големи што е тешко да се сфати некој што има поинаков став како нешто друго освен неук, па дури и лош. Тоа е доволно лошо во нашето општество, но е смртоносно за вашата врска.

Потребна е доверба и труд за да не дозволите политичките разлики да ја заразат вашата врска. Како што долго време тврди експертот за односи Џон Готман, имањето (и покажувањето) презир кон партнерот е една од најдеструктивните сили во врската.

Дофрлувањето и омаловажувањето можеби носат поени на политички дебати и на социјалните мрежи, но се ужасни во врската.

Еден од начините да се спротивставиме на презирот е да се вреднува и сфати гледиштето на другиот. Тоа не значи дека го прифаќаме како наше. Тоа значи да се почитуваме и да го покажуваме тоа.

2. Кога разговарате за политика, тоа нека биде без натпревар

Потрудете се искрено да го разберете и запознаете внатрешниот живот на вашиот партнер. Вашите разлики се помалку важни од тоа како се справувате со нив. Ако се справите добро, вашите разлики можат да бидат дел од подлабока интимност.

Слушајте. Изнесете ги вашите ставови без омаловажувања кои се вообичаени за општествениот политички дискурс и слушајте го вашиот партнер.

Изберете некој предмет што ќе биде „подиумот“. Кога некој го има тој предмет, тој е говорник, а другиот слушател. Кога сте слушател, фокусирајте се на тоа да му дадете до знаење на вашиот партнер дека слушате така што ќе му дадете до знаење што сте слушнале, како на пример: „Ти веруваш дека е лошо …“ или „Ти мислиш дека треба ….“.

Во текот на таков стил на разговор, говорникот може да каже една или две работи што слушателот ги парафразира, а потоа вие ги менувате улогите, а сега е редот на слушателот да каже неколку работи на другиот партнер кој сега се фокусира на слушање. Можеби ова ќе ви изгледа како неприроден начин за разговор со вашиот партнер, но ќе ви помогне подобро да ги сфатите нивните позиции.

3. Внимавајте на медиумите кои ги следите

Внимавајте на вашата „медиумска диета“, односно кои медиуми ги следите и намалете со едностраните медиуми кои ги форисраат разликите. Исто така, корисно е повремено да слушате што зборува другата страна, со отвореност да научите како другите го гледаат истиот свет.

4. Чувајте ја позитивната врска жива и здрава

Ограничувањето на штетата на негативностите во врската е клучно бидејќи тие се толку моќни. Затоа, еден од најдобрите начини на кои парот може да ги минимизира овие ефекти е да ги одржува своите позитивни врски – забавата, пријателството, сензуалноста и сите други добри работи – живи и здрави. Гледајте да ги правите работите што сакате да ги правите заедно, и освен ако политичките теми не се пријатни за разговор за двајцата, држете ги тие работи и другите конфликти надвор од границите во овие времиња.

Лежерно шетате? Зборувајте за сè освен за политика. Забележете ги птиците и цвеќињата или зборувајте за уметност.

5. Ако сè друго не успее, едноставно не одете таму

Ако не можете да покажете почит кон вашите разлики и/или да се вклучите околу нив на добар или дури забавен начин, едноставно не допирајте ја темата. Светот нема да заврши затоа што вие двајца не сте се договориле за социјална политика или за надворешни работи.

Можете да поставите основно правило за да ја држите политиката надвор како табу  тема помеѓу вас двајца. Тоа може да вклучува договор секој од вас да не гледа политички емисии кога другиот е во просторијата.

Вашата врска сепак е поважна од тоа дали партијата која ја сакаме ќе победи на изборите.

Извор: Your Tango

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни