Пет промени на кожата поради намалувањето на естрогенот: Совет од дерматолог за тоа како да ги ублажите симптомите

Хормоналните ефекти врз кожата не се однесуваат само на тинејџерските години или одредени периоди од месецот.

Кога влегуваме во перименопауза и менопауза, транзиција што може да започне во 30-тите години, но обично започнува во 40-тите години, нивото на естрогенот опаѓа, што може да има големо влијание врз кожата, од нејзината способност да ја задржи влагата до нејзината еластичност и сјај.

Кога нивото на естроген паѓа, тоа може да предизвика промени за кои честопати не сме подготвени, вели д-р Сарв Занд, дерматолог за Woman’s Health.

Ова се пет чести промени на кожата кои можат да бидат предизвикани од пад на естрогенот.

Помалку сјајна и еластична кожа

,,Естрогенот го олеснува производството на колаген и предизвикува брчки на кожата. Кога неговите нивоа се намалуваат, нашата кожа е потенка и може да изгледа без сјај и позбрчкана” вели д-р Занд.

Доколку сè уште не доживувате губење на естроген, рутината за нега на кожата што го поддржува колагенот со ретиноиди и крема за сончање ќе помогне во забавување на промените на кожата, но ако веќе сте во овој преоден период или менопауза, побарајте производи дизајнирани да помогнат во одржувањето на колагенот.

Кога нивото на естроген почнува да опаѓа, кожата ја губи својата еластичност и влажност.

Посува кожа од претходно

Улогата на естрогенот во одржувањето на влажноста и здравата бариера на кожата значи дека кога неговите нивоа ќе почнат да опаѓаат, производите со хидратантни состојки кои ја зајакнуваат бариерата стануваат клучни. Друг трик за одржување на хидрираната кожа што го препорачува д-р Занд е да го чистите лицето само навечер, наместо двапати на ден. Наутро, само освежете ја кожата со млака вода.

Чувствителност на производи и фактори на животната средина

Кога нивото на естроген се намалува, кожата генерално станува почувствителна. Ова значи дека треба да ја промените вашата рутина за нега на кожата за да вклучите производи кои ја зајакнуваат отпорноста на кожата и се помалку агресивни, вели д-р Занд.

Побрзо стареење на рацете и нозете

Наместо на лицето, жените често прво забележуваат стареење на кожата во менопаузата на рацете и нозете. За секојдневна нега на кожата од глава до пети, пробајте производи што содржат длабински хидратантни состојки како сквалан, како и антиоксиданси за зголемен сјај.

Акните се враќаат

Кај некои жени, падот на естрогенот може да предизвика појава на акни, бидејќи телото станува посклоно кон андрогени.

„Ова обично се смирува како што хормоните се стабилизираат кон крајот на менопаузата, но во меѓувреме може да биде многу фрустрирачко“, вели д-р Занд.

Ако вашата кожа не е премногу чувствителна, ретиноидот ќе го стимулира обновувањето на клетките на кожата и ќе спречи таложење на мртви клетки на кожата што може да доведе до појава на мозолчиња. Сепак, на вашата кожа ќе ѝ треба хидратација за да спречи прекумерно сушење и да одржи здрава бариера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни