Пет причини зошто треба да пешачите 10 илајди чекори дневно

Пешачењето е една од најзанемарените форми на вежбање, а освен вежбање тоа нуди и други импресивни придобивки за луѓето.
Фото: Freepik

Пешачењето е достапно, пријатн, не бара многу за да почнете, но сепак може да се пофали со еден куп здравствени придобивки. Тие се движат од подобрување на кондицијата и управувањето со тежината до помалку очекуваните ефекти како што се зајакнување на вашето расположение и емоционално здравје.

Секој со пристап до Google може да ја види фитнес целта од 10 илјади чекори која произлегува од јапонскиот педометар од 1960-тите наречен manpo-kei (што грубо се преведува како „метар од 10.000 чекори“). По студија од 2023 година, Универзитетот во Гранада тврди дека бројката нема „никаква научна основа“ и наместо тоа, идентификуваше 8.000 чекори дневно како доволна точка за „значително намалување на ризикот од прерана смрт“.

Пешачењето го подобрува расположението

Зошто некој создава навика? Обично затоа што служи за некоја цел или затоа што уживате во тоа. Па така со пешачењето можете да ги имате и двете точки.

Истражувањата потврдуваат дека пешачењето го подобрува расположението и ви помага да ги намалите негативните мисли. Студија од 2020 година објавена во Меѓународниот магазин за истражување на животната средина и јавно здравје заклучи дека тие кои пешачат редовно имаат подобро емоционално здравје од оние кои не вежбаат редовно.

„Просечниот број на прошетки неделно бил поврзан со подобрување на емоционалното здравје, но просечното времетраење на прошетката немало значително влијание врз емоционалното здравје на испитаниците“, се додава во истражувањето.

Ова на некој начин покажува дека не треба да правите 10.000 чекори за да уживате во безбројните поволности од пешачењето, туку најдобро е да си најдете бројка што вам ви одговара. Тоа ќе ве мотивира да правите редовни паузи од работата и седењето. Поставувањето на одредена бројка, како 10 илјади чекори, исто така ќе служи за да се убедите да станете и да пешачите додека не ја постигнете целта.

Пешачењето не бара голема посветеност

Фото: Freepik

За да ги поминете зацртаните чекори не мора да издвојувате посебно време за вежбање, односно „формално“ да тргнете на пешачење. Користете паметен телефон или часовник за да ги броите чекорите што секако ги правите во текот на денот и на тој начин ќе креирате здрави навики повеќе да пешачите, да избегнувате лифтови или ескалатори.

Исто така при извршувањето на вашите редовни задачи, може да изберете да пешачите по подолгиот пат, па доколку не сте врзани со време, а треба да стигенте на одредена дестинација, изберете да пешачите 15 минути, наместо 10. На тој начин, вие ќе вежбате и без да сте свесни за тоа.

Пешачењето е достапно

Пешачењето за разлика од останатите физички активности не бара посебни подготовки. Нема потреба од посебна облека или додатоци. Само облечете ги патиките и излезете од дома.

За разлика од вежбањето во теретана, не мора ни да губите време во одење до таму, ниту плаќање членарина.

Според експертите, возрасните помеѓу 19 и 64 години треба да имаат умерени физички активности околу 150 минути неделно, па со кратко 20-минутно пешачење секој ден стигнувате на само 10 минути од оваа цел.

„Луѓето кои редовно вежбаат имаат помал ризик да развијат многу долгорочни состојби како што се срцеви заболувања, дијабетес тип 2, мозочен удар и некои видови рак“, известува NHS. „Истражувањата покажуваат дека физичката активност исто така може да ја зголеми самодовербата, расположението, квалитетот на спиењето и енергијата, како и да го намали ризикот од стрес, клиничка депресија, деменција и Алцхајмерова болест.“

Пешачењето е пријатно и флексибилно

Колку пати сте слушнале некој да каже дека „мора“ да трча или да се посвети на сесија вежби? Луѓето чувствуваат дека треба да се потат и да страдаат за да се важи тренингот, но таквото вежбањето тешко дека ќе стане навика ако ја мразите секоја секунда од тоа, а тренингот што постојано го правите секогаш ќе биде поефективен од оној што не го правите често.

Пешачењето нуди нешто што останатите форми на вежбање не може да го понудат. Може да се сретнете со пријатели за социјална прошетка, да истражувате некое ново место пеш или да слушате поткаст, со цел да останете во тек со последните случувања.

Пешачењето ви ја подобрува кондицијата

Фото: pressfoto/Freepik

Физичките придобивки од пешачењето се добро документирани, особено за оние кои се нови во вежбањето. Одењето ги активира големите мускули на нозете, а на овие мускули им треба кислород за да ги поттикне нивните напори, така што пулсот се зголемува за да ја задоволи зголемената побарувачка. Редовното зголемување на отчукувањата на срцето преку кардио вежби може да го подобри здравјето на вашето срце, да согорува калории и да ја зајакне вашата кардиоваскуларна кондиција (способноста на вашето тело да внесува и користи кислород).

Придобивките се очигледни. Без разлика дали трчате наоколу со вашите деца или бркате автобус, подобрената кардиоваскуларна кондиција ќе го направи овие активности значително полесни. Исто така, го намалува ризикот од срцеви заболувања и многу други хронични состојби.

Ако седите цел ден на биро, правењето редовни паузи за движење може да ве натера да се чувствувате опуштено и да ги намалите негативните влијанија како што се затегнатите колкови и болките во долниот дел на грбот.

И пешачењето може да биде корисна алатка за слабеење, ако тоа е вашата цел. Калорискиот дефицит (согорување повеќе калории отколку што трошите) е заедничкиот именител за губење на тежината, а пешачењето ја зголемува потрошувачката на енергија за да го зголеми согорувањето на калориите. Во комбинација со соодветна диета, ова може да се искористи за да се создаде одржлив калориски дефицит и да се намали телесната тежина.

На искусните вежбачи можеби ќе им требаат поинтензивни активности за да предизвикаат зголемување на кардиоваскуларната кондиција, бидејќи тие веќе ќе имаат добро основно ниво.

„Да се ​​занимавате со некоја физичка активност е подобро отколку да не правите ништо“, е официјалната мото од Светската здравствена организација. Ако пешачењето ви дозволува да воведете некоја вежба во вашата недела каде што инаку немаше да вежбате, или ако можете да ги зголемите постојните нивоа на активност, шансите се дека тоа ќе ви направи многу добро.

Тоа не значи дека треба да одите 10 илјади чекори дневно од старт. Наместо тоа, обидете се да пронајдете остварлива цел што е малку повисока од бројот на вашите моментални чекори, држете се до неа и потоа експериментирајте со зголемување на оваа бројка ако се чувствувате добро.

Најново

Последни колумни