Експертите предупредуваат дека голем дел од овие производи се високо преработени и содржат додадени шеќери.
„Некои од нив може да доведат до инсулинска резистенција и да го нарушат нормалното функционирање на метаболизмот“, објаснува нутриционистката Лиза Ричардс за SheFinds. Клучот, вели таа, е да препознаете кои намирници го саботираат метаболизмот и да ги замените со поздрава алтернатива.
Овошен јогурт
Иако делува практично и освежувачки, овошниот јогурт често содржи големи количини додадени шеќери и вештачки ароми, кои можат да го забават метаболизмот. „Некои овошни јогурти имаат толку многу шеќер што можат да придонесат за зголемување на тежината и појава на здравствени проблеми“, предупредува Ричардс. Наместо тоа, таа препорачува обичен, незасладен грчки јогурт во комбинација со свежо овошје или лажичка мед.
Бел леб
Направен од рафинирано брашно, белиот леб има висок гликемиски индекс и често предизвикува нагли скокови на шеќерот во крвта. „Рафинираниот леб го поттикнува таложењето маснотии, особено во пределот на стомакот, и содржи малку влакна и хранливи материи“, истакнува диететичарката Крутика Нанавати. Таа препорачува алтернативи како леб од бадемово брашно или киноа, кои придонесуваат за подобар метаболизам.
Мафини
Иако често се претставуваат како брз и вкусен појадок, повеќето мафини од продавница се полни со рафиниран шеќер, преработено брашно и нездрави масти. „Можете да ги наречете мафини, но моето тело ги препознава како колачиња“, вели диететичарката Лиса Ендрус. „Некои мафини содржат над 350 калории, што ги прави ризични за акумулирање маснотии, особено во абдоминалниот дел.“
Гранола штангли
Иако се рекламираат како здрава ужина, многу гранола штангли се преполни со скриени шеќери, преработени житарици и нездрави масти. „Тие се меѓу најлошите ‘здрави’ избори за слабеење, бидејќи содржат состојки кои можат да го успорат метаболизмот“, вели нутриционистката Хедер Хенкс. Таа нагласува дека овесот често се користи како изговор за да изгледаат здраво, додека останатите состојки се далеку од тоа.
Преработено месо
Колбасите, сланината и сувомеснатите производи се популарни поради вкусот и практичноста, но можат негативно да влијаат на метаболизмот. „Храна како хот-дог, колбаси и деликатесно месо е богата со заситени масти, натриум и нитрати, што може да предизвика задржување течности, висок крвен притисок и побавен метаболизам“, вели д-р Келвин Фернандез.
Дополнително, овие производи често содржат протеини со понизок квалитет и им недостасуваат клучни хранливи материи. За подобра метаболичка функција, се препорачува да се намали нивниот внес и да се изберат посни извори на протеини, како пилешко, мисиркино месо или риба.
Заклучок:
Иако овие намирници може да изгледаат безопасни – или дури и здрави – експертите советуваат внимателно да ги читаме етикетите и да избираме поприродни, минимално преработени производи кои го поддржуваат здрав метаболизам и долгорочното слабеење.
Извор: Index.hr